Top Sport

Тактиката на Дешам: Да се затвори Манџукиќ и топката да оди кај Мбапе (Видео)

Франција, во неделата, ја освои светската титула, откако во финалниот меч на 21.Светско првенство ја победи Хрватска 4:2. Од вчера, телевизијата „ТФ1“, започна да објавува видеа за интересни работи што се случувале во соблекувалната на Франција. Откако објави снимки од говорите на Пол Погба пред натпреварите со Аргентина и Уругвај, на ред дојде и она што селекторот Дидие Дешам им го кажал на фудбалерите за време на полувремето на финалниот меч.

Франција, во текот на Светското првенство, својата игра ја базираше на брзата транзиција, обидувајќи се да ја казни секоја грешка на противникот.

По првиот дел на натпреварот со Хрвстака, Французите имаа предност 2:1.

„Веднаш ќе го бараат Манџукиќ. Манџукиќ ја спушта топката со глава, со гради, знае да ја сврти со нога. Бидете внимателни со него. Тој може да ја освои топката со глава, бидете внимателни. Немојте да бидете статични, движете се. Моорате да го затворите“, им вели Дешам на своите фудбалери.

Веднаш потоа Дешам на играчите им ја кажува наједноставната акција со која треба да ја растурат одбраната на противникот.

„Топката треба да му ја дадете на Килијан, најбргу што можете“, а потоа го советува Гризман.

„Антоан, при контранападите врати се малку наназад. Стоиш премногу блиску до напаѓачите, треба да бидеш отворена опција. Имаме уште 45 минути! Знаете што следува! Главите горе и бидете опуштени! Кога ја имате топката тогаш „бум“! Давјте ја напред“.

Scroll to Top