Top Sport

Тијаго Силва: Нејмар ме навредуваше, но му простувам

Однесувањето на Нејмар при 2:0 победата над Костарика беше критикувано од сите страни, и сега на „хорот“ се приклучи и дефанзивецот Тијаго Силва.

Играчот на ПСЖ, кој во петокот ја носеше капитенската лента во мечот со аутсајдерот, вели дека напаѓачот го навредувал кога тој ја вратил топката на противникот во гест на фер-плеј.

„Тој за мене е како помал брат и се обидувам да се грижам за него, но бев тажен бидејќи ме навредуваше кога ја вратив топката до Костарика. Можеби имаше поента, бидејќи им предадвоме многу, но таа една топка немаше да ни донесе победа. Бев тажен за реакцијата и му го кажав тоа по мечот“, изјави Силва за бразилските медиуми.

Околу солзите на Нејмар по крајот на мечот, Силва вели дека ги разбира емоциите.

„Нормално е и тој да се олесни. Носеше тежок товар на своите плеќи. Сега ќе биде порелаксиран за следниот меч“, вели Силва.

Бразил во последното коло по групи игра со Србија во среда од 20 часот.

Scroll to Top