Top Sport

Три натпревари денес на СП, шлагерот е Португалија-Шпанија

Денес на 21.Светско првенство во Русија ќе се одиграат три натпревари. Еден меч ќе го комплетира првото коло во А-групата, а на програмата ќе бидат и двете средби во Б-групата. Во Б-групата ќе се одигра дерби мечот на комплетното прво коло помеѓу Португалија и Шпанија.

foto: epa

Откако, вечера на отворањето Русија со 5-0 ја декласира Саудиска Арабија, денес првата рунда во А-групата че ја комплетираат Египет и Уругвај. Дуелот на стадионот во Екатеринбург ќе започне во 14 часот.

foto: epa

Натпреварот ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кујперс.

foto: epa

Програмата во Б-групата ќе ја отворат Мароко и Иран. Дуелот се игра на стадионот во Санкт Петербург со почеток во 17 часот. Главен судија на овој меч ќе биде Цунејт Чакир од Турција.

foto: epa

Дербито на денот и воопшто на првото коло ќе се игра на стадионот во Сочи. Ривали ќе бидат европскиот првак Португалија и Шпанија. Дуелот во олимпискиот град ќе биде 37.соочување на репрезентациите од Пиринејскиот полуостров. Шпанија е поуспешна со 16 победи, додека Португалија победила на шест.

foto: epa

На дербито му претходеше скандалот во шпанскиот национален тим. Селекторот Хуелн Лопетеги доби отказ во четвртокот, бидејќи без знаење на Федерацијата, договорил соработка со Реал, по завршувањето на СП.

Шпанците во Русија ќе ги предводи Фернандо Јеро.

foto: epa

Можни состави:

Португалија: Руи Патрисио – Гереиро, Фонт, Пепе, Седрик – Вилијам Карваљо, Мутињо – Жоао Марио, Бернардо Силва, Роналдо – Гуедеш

Шпанија: Де Хеа – Жорди Алба, Серхио Рамос, Пике, Начо (Одриозола) – Бускетс, Алкантара, Иниеста – Иско, Давид Силва, Диего Коста

Дуелот ќе започне во 20 часот, а ќе го суди Италијанецот Џанлука Роки.

Scroll to Top