Top Sport

Уругвај гледа кон нокаут фазата, Шпанија и Португалија против аутсајдерите

Еден натпревар во А-групата и два во Б-групата ќе се одиграат денес на 21.Светско првенство во фудбал.

Програмата, од 14 часот, ќе ја отвори натпреварот во Б-групата. Португалија за противник ја има селекцијата на Мароко. Дуелот се игра на Лужники стадионот во Москва.

Инаку, Португалија во првото коло одигра 3:3 со Шпанија, додека Мароко доживеа несреќен пораз, со автогол од Иран.

Вторитоонатпревар од оваа група ќе ја затвори денешната програма. Иран и Шпанија ќе играат на арената во Казањ.

По првата рунда Иран води во Б-групата со три бода, по еден имаат Шпанија и Португалија, а без бод е Мароко.

Меѓу двете средби во Б-групата ќе се одигра и дуелот од А-групата Уругвај-Саудиска Арабија. Натпреварот во Ростов на Дон ќе започне во 17 часот.

Уругвај со победа ќе и се придружи на Русија која синоќа обезбеди пласман во осмина-финалето. Во случај на победа Уругвајците во последната рунда против домаќинот ќе решаваат околу првото место во групата.

Scroll to Top