Top Sport

Валдерама и Игуита добија најгласни аплаузи во Казан

Карлос Валдерама и Рене Игуита, двете легенди на колумбискиот фудбал беа меѓу илјадниците навивачи на „Лос кафетерос“ во Казан, заедно со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов.

„Ел пибе“ Валдерама и незаборавниот голман Игуита добија овации од навивачите на Колумбија, и гласно ја пееја националната химна. Двајцата останаа со истите фризури со кои настапуваа на Мундијалот во 1994 година, a нивното присуство не помина незабележано и кај дел од фановите кои ги имитираа токму нив.

На крајот, мечот се претвори во колумбиска забава, откако на теренот, репрезентацијата со 3:0 ги „разби“ Полјаците, прославувајќи го последниот гол со танц. Не е чудно зошто Колумбија речиси секогаш е меѓу најсимпатичните репрезентации на Мундијалите.

Scroll to Top