Top Sport

„Журката“ во Загреб донесе 550.000 луѓе, следен е Задар!

По спектакуларниот и маратонски пречек во Загреб, дел од хрватските репрезентативци се подготвуваат за прием во другите градови низ целата земја.

Вчера низ Загреб, според полицијата присуствувале 550.000 луѓе, кои од три часот попладне па до доцна во ноќта славеа со репрезентативците кои беа пречекани како вистински херои.

Главното шоу денеска ќе биде во Задар, каде што капитенот и најдобриот фудбалер на Мундијалот, Лука Модриќ ќе ги предводи сограѓаните Даниел Субашиќ, Шиме Врсаљко и Доминик Ливаковиќ. Прославата почнува на „Јазине“ во 20 часот, кога задарските репрезентативци ќе дојдат со бродот „Бранимир“.

Scroll to Top