Top Sport

Нудел 10.000 долари за да го пуштат да нокаутира горила

Мајк Тајсон е еден од најдобрите боксери во историјата, во 1986 година стана најмладиот шампион во тешка категорија. Кариерата покрај вештините во рингот му беше испратена со многу котроверзи.

Како пензионер „Челичниот Мајк“ се претвори во бизнисмен. Тој има плантажа на која одгледува марихуана. Од овој бизнис месечно заработувал околу еден милион долари.

Уживајќи во времето што има Тајсон за медиумите раскажува анегдоти од својот живот. Една таква се случила при неговата посета на Зоолошката градина во Њу Јорк.

„Му платив на чуварот да не пушти заедно со сопругата (Робин) да влеземе. Кога стигнав до кавезот каде што беа горилите видов дека еден мажјак ги малтретира сите останати во кавезот. Изгледаа неможно пред него. Му понудив на работникот 10.000 долари за да ми го отвори кавезот и да ме пушти да ја нокаутирам горилата. Тој ја одби понудата“, раскажал Тајсон.

Scroll to Top