Top Sport

Болидот на Шумахер од Монако 2001 продаден за 7 милиони долари!

Болидот со кој Михаел Шумахер ја оствари последната победа на Монако ГП трката со Ферари, се продаде за 7.504.000 долари на аукција во Њујорк, со што стана највредниот модерен Ф1 болид.

Шасијата број 211, Ф2001 болидот со кој Шумахер стигна до четвртата од седумте титули во Ф1 во 2001 година, беше на аукција во „Сотби“ во Менхетен, а дел од приходите ќе бидат донирани на фонацијата „Продолжи да се бориш“ на Михаел Шумахер.

Болидот не е познат само по тоа што беше последниот со кој Шуми победи во Монако, туку бидејќи е истиот болид со кој победи на Унгарското ГП, кога ја освои четвртата титула. Шумахер победи во девет трки таа сезона, обезбедувајќи втора последователна титула заз Ферари со речиси двојно повеќе поени од Дејвид Култард во Мекларен, кој беше второпласиран.

Очекуваната цена беше 4 милиони долари.

 

Scroll to Top