Top Sport

Дебитантот Зарко на пол-позицијата во Јапонија

Возачот на Тех 3 Јамаха тимот, Јохан Зарко стигна до изненадувачка пол-позиција на квалификациите на дожд во Мотеги за Јапонското ГП, откако Марк Маркез и Валентино Роси направија грешка во изборот на гуми.

Откако постави најдобро време на дожд досега на четвртиот тренинг, лидерот во генерален пласман Маркез беше фаворит за пол-позицијата, но тој направи тактичка грешка избирајќи мазни гуми при второто излегување, кога патеката не беше доволно исушена, слично како Валентино Роси, и двајцата не успеаја да ги подобрат своите времиња.

Ова го искористи Французинот Зарко, кој постави време од 1:53.469 во последните минути од квалификациите за пол-позиција пред уште едно изненадување, Данило Петручи во Прамак Дукати и Маркез на третото место. По него следува Алеш Еспархаро, Дани Педроза, Бредли Смит и Пол Еспархаро, додека главниот ривал на Маркез за титулата, возачот на Дукати, Андреа Довициозо беше само деветти.

Scroll to Top