Top Sport

Ферстапен збунет од однесувањето на Хамилтон

Ѕвездата на Ред бул, Макс Ферстапен вели дека честопати останува „збунет“ од однесувањето надвор од патеката на четирикратниот светски шампион Хамилтон.

Холанѓанецот во интервју за весникот „Де телеграф“ вели дека во текот на минатата година сè поретко почнал да ги користи социјалните медиуми, за разлика од возачот на Мерцедес, Хамилтон кој ужива во тие активности.

„Не следам многу возачи на социјалните медиуми. Секако, го следам колегата Даниел Рикјардо. И Луис. И Пјер Гасли, бидејќи тој е добро момче. Кога ќе видам што прави Луис во слободното време, честопати сум збунет. Не ми се верува колку работи прави! Тоа е негов живот и победува на трки и освојува титули, така што на крајот тоа е ОК за него“, вели Ферстапен.

 

Scroll to Top