Top Sport

„Марка“ го прогласи Марк Маркез за легенда

Марк Маркез веќе е легенда на Мото ГП шампионатот, откако на 24 години веќе има четири титули зад себе, но сега ја доби престижната награда „Легенда на Марка“ од страна на шпанскиот спортски весник.

„Мравката од Сервера“ наградата ја доби на патеката Харама, од уредникот Хуан Игнасио Гаљардо.

„Не бев сигурен дали треба да ја прифатам наградата, бидејќи имам само 24 години и мислам дека можам да направам многу повеќе, но критериумите на ‘Марка’ ме убеди дека ова е награда за мене. Мојата кариера е брза, но ќе уживам во секој трофеј. Благодарност до Хонда, бидејќи без нив немаше да има титули и награди“, изјави Маркез.

Scroll to Top