Top Sport

Возач на Дакар релито заглави во океан! (видео)

Возачот на Мини Х-Рејд, Јазид Ал Рахџи мораше да биде „извлекуван“ од Пацифичкиот Океан во текот на петтата етапа на Дакар релито губејќи речиси два часа на евакуацијата.

Бизарниот инцидент се случи во 20-километарскиот дел од етапата кој возеше покрај брегот на Пацификот, и откако тој малку „застрани“, брановите го повлекоа. Неговиот со-возач, Тимо Готшалк мораше да го држи автомобилот со јаже за да спречи брановите целосно да го однесат, пред чилеанскиот колега од Мини, Борис Гарафулик да го извлече.

„Имаше две патеки во песокот, и очигледно ја искористивме погрешната“, објасни Ал Рахџи.

Scroll to Top