Top Sport

Зарко го сруши рекордот за пол-позиција на „Лосаил“

Возачот на Тех 3 Јамаха, Французинот Жоан Зарко ја освои пол-позицијата за првата трка од новата сезона, Катар ГП, откако постави нов рекорд на патеката „Лосаил“.

Неговото најдобро време од 1:53.680 го подобри рекордот на Хорхе Лоренцо од 2008 за 0.247 секунди и му донесе трета пол-позиција во кариерата со 0.202 секунди предност пред актуелниот шампион Марк Маркез во Хонда.

Маркез беше најбрз во текот на сесијата со 1:54.368, но беше „соборен“ од Андреа Довициозо во Дукати, кој постави 1:54.074 во финишот на квалификациите, но на крајот по низа подобрувања Зарко беше на првото место, додека Довициозо ќе стартува само како петти.

Данило Петручи во Прамак Дукати беше само 0.005 секунди поспор од Маркез за последното место на првиот ред, додека Кал Крачлоу го победи Довициозо за четвртото место.

Валентино Роси со својата Јамаха беше само на осмото место со 0.709 секунди послабо време, а неговиот колега Маверик Вињалес беше најспор во вторите квалификации и ќе стартува на 12. Место во лоша сесија за јапонскиот тим. Ништо подобар не беше ниту Лоренцо, чии проблеми со контролата на Дукати очигледно продолжуваат и тој ќе биде на 9. место на утрешниот старт на ноќната трка.

Scroll to Top