Top Sport

Актерот Модриќ под истрага на УЕФА

Дисциплинската комисија на УЕФА наредната недела ќе го разгледува случајот на Лука Модриќ, објави „Лекип“.

Според францускиот весник, Дисциплинската комисија на УЕФА, ќе ја прегледа снимката, а потоа ќе донсе одлука дали Модриќ на мечот против ПСЖ изглумил прекршок од Рабио по што Реал доби слободен удар, а Рабио жолт картон.

Од ПСЖ се надеваат дека УЕФА ќе му го поништи жолтиот картон на Рабио. Од друга страна Модиќ не се соочува со казна, бидејќи според правилникот УЕФА се решава на таков чекор само во случаеви на екстремно неспортски потези.

Scroll to Top