Top Sport

Анри: Нејмар е во сенката на Меси, па нека за занимава со друг спорт

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри го коментираше трансферот на Нејмар во ПСЖ и со изјавата ги воодушеви навивачите на Барселона.

Нејмар пред почетокот на сезоната за рекордни 222 милиони евра замина во ПСЖ, трансферот изненади многумина, а потоа дојдоа и кометарите дека Бразилецот се решил на ваков чекор за да излезе од сенката на Лионел Меси, односно во ПСЖ ќе може да ја оствари целта, да ја добие „Злтната топка“.

„Нејмар бил во сенката на Меси во Барселона? Па секој фудбалер во светот е во сенка на Меси и тоа е факт. Доколку Нејмар сака да излезе од неговата сенка тогаш би му предложил да започне да се занимава со некој друг спорт. Тое е единствениот начин да излезе од сенката на Меси“, рекол Анри.

Scroll to Top