Баерн Минхен и на гостувањето во Истанбул кај Бешикташ стигна до убедлива 1:3 победа, за со вкупни 1:8 да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите на импресивен начин.
Баварците веќе беа пласирани меѓу најдобрите осум во Европа и по првиот меч на „Алијанц арената“, кој заврши со 5:1, но формалноста мораше да се заврши.
На преполниот „Водафон парк“, како да се играше за европската титула и домаќините почнаа остро, но веќе во 18. минута Тијаго Алкантара донесе водство за Баерн. Второто полувреме започна лошо за „орлите“, откако Гокхан Гонул си постигна автогол во 46. минута, но навивачите на Бешикташ ја вратија самодовербата со голот на Вагнер Лав само две минути подоцна.
Сандро Вагнер, кој влезе како замена за Роберт Левандовски во 68. минута, во последните десет минути постигна уште еден гол за конечни 1:3.
Фото: ЕПА