Top Sport

Барнли му оддржа лекција на Вест Хем, фановите полудеа (видео)

Дејвид Мојс и неговите Вест Хем ги очекува тешка борба за опстанок, откако беа декласирани со 0:3 на стадионот „Лондон“ од инспирираните Барнли, кои сега се на седмото место со 43 поени, само два помалку од Арсенал на шестата позиција!

Вест Хем беа рамноправни во првото полувреме, но Барнли имаше фантастичен финиш на мечот. Ешли Барнс во 66. минута донесе водство за тимот на Шон Дајч, по што замената Крис Вуд постигна два гола (70. и 81. минута) за импресивна победа.

Мечот беше одбележан со многу контроверзи – дел од навивачите на Вест Хем влегоа на теренот, еден од нив трчаше со знаменцето за корнер додека се обидуваа да се пресметаат со директорите на тимот. Марк Нобл пак, успеа да собори еден од навивачите.

Њукасл јунајтед пак, беше убедлив на „Сент Џејмс парк“, победувајќи ги Саутемптон со 3:0, победа со која дојдоа до 13. место со 32 поени, пет над опасната зона.

Евертон утна пенал, но ги победи Брајтон со 2:0, додека последнопласираните Вест Бромвич Албион со 1:4 загубија од Лестер сити

ПРЕМИЕР ЛИГА, 30. КОЛО

Евертон – Брајтон 2:0

Хадерсфилд – Свонси 0:0

Њукасл – Саутемптон 3:0

Вест Бром – Лестер 1:4

Вест Хем – Барнли 0:3

Scroll to Top