Top Sport

Џирона го доби каталонското дерби (видео)

Џирона успеа да го победи Еспањол во каталонското понеделничко дерби, продолжувајќи со изненадувачки добрите игри во својата прва сезона во Ла лига.

Единствениот гол беше дело на Давид Тимор во 45. минута, што беше доволно малиот тим на Џирона да стигне до три поени против далеку пореномираниот тим на Еспањол.

Со победата, Џирона се наоѓа на деветтото место во Ла лига со 20 поени, четири повеќе од Еспањол на 16. место.

Scroll to Top