Top Sport

Фиорентина се прости од Давиде Астори (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина во моментов на домашен терен играат против Беневенто во рамките на 28.коло во Серија А.

Мечот на „Артенио Франки“ во Фиренца започна со минута молчење поради големата трагедија која го погоди тимот на Фиорентина пред една недела, кога почина капитенот Давиде Астори.

31-годиниот капитен беше погребан во четвртокот во Фиренца, а според проценките на погредбот имало повеќе од 10.000 луѓе.

„Артемио Франки“ и денес беше во знакот на капитенот Астори. На трибините беа забележливи пораки за Астори, а многумина од навивачите не можеа да ги скријат солзите.

Во 13.минута времето застана, судијата го прекина мечот за сите на стадионот уште еднаш да се простат од Астори. Навивачите на Фиорентина приредија кореографија која никого не остави рамнодушен.

Фиорентина по првиот дел со голот на Виктор Уго води 1:0.

 

Scroll to Top