Top Sport

Хамбургер го подготвува „автобусот“ за Баерн

Последните три посети на Хамбургер на „Алијанц арената“, гостувајќи кај Баерн Минхен беа навистина катастрофални – порази со 8:0, 5:0 и 8:0.

Тимот кој никогаш нема испаднато од Бундеслигата повторно се соочува со борба за опстанок, а вчера го отпушти генералниот и спортскиот директор. Сепак, добро е што во тимот од северот на Германија не го губат духот, туку наместо тоа подготвуваат „автобус“ за дуелот со тимот на Јуп Хајнкес.

Официјалниот Твитер профил на клубот при најавата за составот за дуелот, во составот имаше еден дополнителен член – тимскиот автобус!

Фото: ЕПА

Scroll to Top