Top Sport

Меси: Победа на Класико за убав Божиќ

Лионел Меси сака Барселона да го совлада Реал Мадрид во саботното „Ел класико“ за да осигура клубот и навивачите да имаат убави божиќни празници.

Барселона одат на „Бернабеу“ со 11 поени предностп ред Мадрид во Ла лига и со шест поени пред второпласираниот Атлетико Мадрид, и со победа момците на Ернесто Валверде ќе добијат речиси недостижна предност против минатогодишните шампиони, кои имаат натпревар помалку по обврските во Светското клупско првенство.

„Ќе биде важно да се победи поради тоа што значи таа победа во тој посебен натпревар. Реал Мадрид, на нивниот стадион… Победата секогаш е слатка. Ќе има уште многу натпревари пред нас, но би било убаво да се заврши годината со победа и да се помине среќен Божиќ“, изјави Меси.

Меси изјавата ја даде при доделувањето на наградите од „Марка“ – Пичичи трофејот за најдобар стрелец минатата сезона и трофејот Алфредо ди Стефано за најдобар играч во лигата.

Тој исто така зборуваше за можноста Аргентина да се судри со Шпанија на СП во Русија следната година. Аргентина е во група со Хрватска, Нигерија и Исланд во тешката група Д.

„Не знам дали финале против Шпанија би било остварување на сонот. Би било неверојатно повторно да се игра во финалето, но прво треба да мислиме на групата, а потоа на другите натпревари“, вели 30-годишниот Меси.

Scroll to Top