Top Sport

Нова трагедија во фудбалот – 18-годишниот Родригез почина во сон!

Францускиот второлигаш Тур објави дека нивниот млад дефанзивец, 18-годишниот Томас Родригез бил пронајден мртов во својот кревет во петокот навечер, по што се одложи денешниот меч на 9 март.

„Тур ФЦ е потресен од оваа трагедија за нашиот клуб. Праќаме сочувство кон семејството, саканите и колегите и пријателите на Томас“, се вели во соопштението на клубот.

Смртта на Родригез доаѓа само пет дена откако капитенот на Фиорентина, Давиде Астори беше пронајден мртов во својата хотелска соба пред мечот со Удинезе во неделата, потресувајќи го италијанскиот фудбал.

Scroll to Top