Виљареал ја продлабочи кризата на Реал Мадрид откако пибеди на „Станијаго Бернабеу“ во рамките на 19.коло, во Ла Лига со 1:0 (0:0). „Жолтата подморница“ победи со голот на Пабло Форналс во 87.минута.

Во првото полувреме најинтересниот момент се случи во 19.минута кога Бејл постигна гол, а истито беше поништен поради офсајд.

Реал имаше неколку можности преку Марсело и Кристијано Роналдо но мрежите во првиот дел мируваа.

Португалецот и во вториот дел се закануваше, но одбраната на Виљареал ги одби нападите.

Виљареал најблиску до постигнување на гол беше Карлос Бака, а она што не успеа тој го направи Форнлас на две минути до крајот.

Реал прв пат од сезоната 2008/2009 на „Сантијаго Беранбеу“ доживеа три порази во една сезона. Пред Виљареал бодовите од Мадрид ги однесоа Бетис и Барселона.