Top Sport

Рома немаше милост за Беневенто (видео)

Рома прими гол веќе во седмата минута, но на крајот успеа да стигне до убедлива 5:2 победа над „фенерџијата“ Беневенто на „Олимпико“ во Рим.

Гијерме успеа да се „протне“ низ одбраната на Рома за шок за домаќините на стартот на мечот, но во 26. минута следуваше одговор преку Федерико Фацио за на полувреме да се отиде со резултат 1:1.

Второто полувреме целосно припадна на „волчицата“. Един Џеко со еден гол и Џенгиз Ундер со два гола направија целосен пресврт пред Брињола во 76. минута да намали на 4:2. Во финишот на натпреварот Дефрел со гол од пенал ги постави конечните 5:2.

Обзор матча Рома – Беневенто от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Scroll to Top