Top Sport

Бјелица го „растури“ Партизан, Антиќ одличен, Звезда броеше до 100

Црвена звезда го совлада Партизан 100:84 (26:21, 27:21, 21:21, 26:21) во првото вечно дерби оваа сезона. Актуелниот АБА шампион до победата го предводеше искусниот крилен центар Милко Бјелица, а голем придонес во триумфот даде и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

Црвена звезда против домаќинот на овој дуел го имаше најдоброто напаѓачко издание од почетокот на сезоната, погодија 14 тројки од 31 обид, девет од нив во првото полувреме.

Од првиот до последниот напад „црвено-белиот“ беше во резултатски плус, на стартот од втората четвртина прв пат стигна до двоцифрена разлика (40:29). До крајот на мечот Партизан се обиде да фати приклучок, три пати се доближи на шест поени негатива, но Звезда лесно ги одби тие напади.

Партизан во игра во првиот дел го држеа Американците Патрик Милер и Најџел Вилијамс-Гос, а во вториот дел им се приклучи и капитенот Новица Величковиќ, но овие тројва немаа некој поголема помош од соиграчите.

На пет минути до крајот регионалниот шампион ја имаше максимална предност од 18 поени (92:74).

Најискусните кај победникот дадоа најголем придонесе во играта. Џејмс Фелдин и Тејлор Рочести, за едно со Немања Дангубиќ го диктираа ритамот во првиот дел, а во вториот „експлодира“ Милко Бјелица кој го затрупа кошот на противникот.

Перо Антиќ успеа да ја добие борбата со противничките центри и вообичаено голема работа заврши во дефанзивата. Македонскиот интернационалец одигра речиси 25 минути, најмногу од стартот на сезоната и имаше учинок од 13 поени (4/5 слободни, 0/2 за два, 3/9 за три), 8 скока и по една блокада и украдена топка.

Најефикасниот на натпреварот Бјелица одигра речиси перфектен меч од поле промаши само два шута постигна 29 поени (6/6 слободни, 7/8 за два, 3/4 за три), на кои придодаде 6 скока и 2 асистенции. Цроногорецот имаше валоризација 35.

Двоцифрени кај победникот беа уште Џејмс Фелдин со 15 и Тејлор Рочести со 14 поени, овие двајца имаа и по седум асистенции, како и Немања Дангубиќ со 12 и Матијас Лесор со 11 поени.

Најдобар играч на Партизан беше Патрик Милер со 16 поени и 11 асистенции, Новица Величковиќ постигна 18, а Најџел Вилијамс-Гос 17.

По седмото коло Будуќност е лидер на табелата со шест победи и еден пораз, Црвена звезда и Цедевита имаат пораз повеќе, а зад нив се Партизан и ФМП со четири победи и три порази.

Scroll to Top