Top Sport

Го сакате Дејвис? Дајте ги оние два авиони и Њу Ингланд Петриотс

Шпекулациите дека центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони Дејвис, може да биде трејдуван во Бостон Селтикс, ги нарече „невозможни“ тренерот на тимот Алвин Џентри.

„Знам дека постојат гласини дека Бостон се обидува да издејствува трејд. Мојот одговор е да ќе го трејдуваме. Но тие за Дејвис ќе мора да ни ги дадат Њу Ингланд Петриотс (една од најпознатите НФЛ франшизи) и оние два авиони кои неодамна ги купија“, рекол Џентри.

„Секако, знам дека е тоа невозможно, поради тоа и не размислувам за вакви работи“, дополнил тренерот на Пеликанс.

Врвен центар очајнички му е потребен на Бостон доколку сака да ги оствари шампионските амбиции. По овој одговор на Џентри јасно е дека центар ќе мора да бараат во некој друг клуб.

Ентони Дејвис со франшизата од Њу Орлеанс има договор до 2021 година.

Scroll to Top