Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс Стеф Кари ја обновил повредата на скочниот зголб, поради што ќе пропушти неколку натпревари.
Кари се повредил во текот на натпреварот помеѓу Голден Стејт и Сан Антонио Спарс што Вориорс го добија 110:107.
Еден од најдобрите шутери во историјата на лигата теренот го напушти по само две минути игра.
Steph Curry injures ankle for the 2nd time in 6 days and 4th time this season. pic.twitter.com/A9eVz2lV9H
— Ballislife.com (@Ballislife) March 9, 2018
„Секогаш сте загрижени кога Кари ќе го повреди зглобот. Толку пати му се случило тоа што веднаш по неговата рекација знаете дали може да продолжи или не“, рекол сограчот на Кари, Дрејмонд Грин кој против Сан Антонио забележа трипл-дабл (11 поени, 12 скока, 10 асистенции).
Кари истиот зглоб го повреди минатата недела на натпреварот во Атланта, а исти проблеми имаше и во декември минатата година, поради што отуствуваше од терените три недели.
Голден Стејт без Кари ќе биде на натпреварите со Портланд и Минесота.