Top Sport

НБА: Колективот на Спарс подобар од триото на Тандер (Видео)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс, во еден од највозбудливите на тпревари кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата, забележаа победа над ОКлахома Тандер 104:101.

Спарс стигнаа до победата оако во финишот на првиот период имаа негатива од 19 поени (32:13), а неколку минути подоцна Тандер водеше 41:18. Сепак Спарс одговорија со серија 16:4, за подносливи 55:48 по првото полувреме.

Спарс целосен пресврт направија во финишот на третата и почетокот на последната четвртина кога го презедоа водството по 84:78.

До крајот на мечот центрите на Сан Антонио Олдриџ и Гасол ја преземаа одговорноста и на Спарс им ја донесоа десеттата сезонска победа.

Олдриџ мечот го заврши со 26 поени и 9 скока, а Гасол 14 со 8 скока и 4 асистенции.

Тандер го предводеа Ентони со 20, Џорџ со 18 , Адамс со 16 и Вестбрук со 15 поени и по 8 скока и асистенции.

НБА, резултати:

Индијана Пејсерс-Детроит Пистонс 107:1000
Вашингтон Визардс-Мајами Хит 88:91
Бруклин Нетс-Јута Џез 118:107
Кливленд Кавалирс-ЛА Клиперс 118:113
Торонто Репторс-Њујорк 107:84
Далас Маверикс-Минесота Тимбервулвс 97:111
Чикаго Булс-Шарлот Хорнетс 123:120
Сан Антонио Спарс-Оклахома Тандер 104:101
Сакраменто Кингс-Портланд 86:82
Денвер Нагетс-Њу Орлеанс Пеликанс 146:114
ЛА Лејкерс-Феникс Санс 113:122

Scroll to Top