Top Sport

НБА: Рекордна ноќ на Виктор Оладипо (Видео)

Плејмејкерот на Индијана Пејсерс, Виктор Оладипо, го одигра натпреварот на кариерата против Денвер Нагетс.

Индијана, по едно продолжение, славеше во Денвер 126.116, а Оладипо го предводеше својот тим со 47 поени, 7 скока и 6 асистенции. Покрај Оладипо кај Индија се истакнаа уште и Мајлс Тарнер со 24, односно тадеус Јанг со 18 поени.

Кај Денвер тројца играчи 20 и повеќе поени. Најефикасен беше Треј Лајлс со 25, а Вил Бартон и Гареи Херис постигнаа по 21 кош.

Њу Орлеанс на домашен терен ја совлада Филаделфија 131:124. Пеликанс имаше тројца исклучително располошени играчи: Џру Холидеј постигна 34, Ентони Дејвис 29, а Демаркус Казинс 23 поени, а Режон Рондо имаше учинок од 13 поени и 18 асистенции.

Бен Симонс со двоен ефект од 27 поени и 1 асистенции ја предводеше Филаделфија.

Летонецот Кристапс Прозингис постигна 30 оени во победата на Њујорк над Атланта 111:107.

На останетите три натпревари победи забележаа Бостон, Торонто и Минесота. Бостон победи во Детроит 91:81, Минесота славеше против Далас 97:92, а Торонто победи во Сакраменто 102:87.

Scroll to Top