Top Sport

Од готово вересија, МЗТ реди порази во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ ја продолжија со лошите резултати, откако во 11.коло во АБА лигата во СЦ „Јане Сандански“ се поразени од Морнар 69:72 (19:13, 19:19, 25:17, 6:24). Промената на тренетот, враќањето на навивачката група „Фемили Аеродорм“ на трибините не го размрда МЗТ, кој загуби иако во финишот на третата четвртина имаше предност од 19 поени.

МЗТ натпреварот против Морнар 30 минути имаше добра организација на нападите, добра селекција на шутевите, целосна контрола во скок играта. Во финишот на третата четвртина МЗТ имаше предност од 19 поени, а во решавачкиот период влезе со 63:48.

Но во последнот период на македонскиот првак му се случи дебкл, неговите играчи не може да погодат ништо од поле, јпочнаа да ја губат битката под кошевите и згора на тоа му дозволија на Нидам.

Американецот беше клучниот играч на Морнар, тој ја покрена серијата од 12 поени на својот тим, а на две минуит до крајот постигна тројка за израмнување 69:69.

До крајот двата тима промашија по два напада, а Дамјан Стојановски на 39 секунди до крајот не реализира две слободни фрлања. Тоа го казни Нидам со нова тројка на 15 секунди до крајот, а во последните седум секунди Соколов и Трајковски не погодија тројки за израмнување.

Трајковски со 17 поени беше најефикасен кај МЗТ, а по 11 поени уфрлија Мајсторовиќ, Лалиќ и Симоновски. Морнар го предводеше Нидам со 24 поени, 2 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

МЗТ по 11 одиграни натпревари е закован за последното место со две победи и девет порази, додека Морнар е во групата на тимови кои имаат по пет победи и шест порази.

Scroll to Top