Бостон Селтикс го повлече од упореба бројот 34 во чест на Пол Пирс. Синоќа на свечена церемонија во „ТД Гарден“, во присутво на голем број познати фаци и соиграчи од шампионската генерација дресот на Пирс заврши онаму каде што се дресовите на Бил Расел, Џон Хавличек, Лери Бирд, Кевин Мекхејл, Роберт Периш…

Пирс како 10 пик на драфтот во 1998 година го избра Бостон Селтикс. Наредните 15 години тој ги мина во дресто на екипата од Масачусетс. Најголемата слава ја достигна во 2008 година кога заедно со Кевин Гарнет, Реј Ален и тренерот Док Риверс го освои шампионскиот прстен.

Бостон во големото финале со 4-2 ја доби серијата против ЛА Лејкерс, а Пирс беше прогласен за МВП на финалната серија. Во кариерата 10 настапил на „Ол стар“ натпреварот, а прекарот „Вистина“ го добил од Шекил О’Нил, по натпреварот во кој Пирс постигнал 42 поени.

По натпреварот со Кливленд кој Бостон убедливо го загуби (99:121), навивачите останаа на трибините за да го испратат својот идол меѓу клупските легенди.

Пирс покрај во Бостон играше и за Бруклин Нетс (2013/14), Вашингтон Визардс (2014/15) и ЛА Клиперс 2015/17). Кариерата ја заврши со просек од 19,7 поени, 5,6 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Тој е втор стрелец во историјата на Бостон зад Џон Хавличек.