Top Sport

Синовец се врати во МЗТ, Мајсторовиќ го напушти клубот

Српскиот интернационалец Стефан Синовец од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. Синовец четврти пат во кариерата ќе го носи дресот на актуелниот македонски шампион, откако претходно настапуваше за МЗТ во сезоните 2013/14, 2014/15 и 2016/17. Со екипата од Аеродром Синовец има псвоено три шампионски титули (2014, 2015 и 2017 година).

Неговиот договор е до крајот на сезоната, а тој доаѓа од таборот на Мега Бекамс, каде што во АБА-лигата имаше просек од 9,4 поени, 4,5 скока и 3,1 асистенции. Синовец се очекува да пристигне во Скопје утре рано наутро за да ги заврши сите формалности околу договорот и да може да дебитира в среда на дуелот со Кожув во салата „Јане Сандански“.

Во исто време, МЗТ го напушти неговиот сонародник Ѓорѓе Мајсторовиќ и тоа со спогодбен раскин на договорот. Тој дојде на почетокот на ноември и одигра 14 средби во регионалното натпревараување со просек од 4,8 поени и 2,7 скока.

Scroll to Top