Top Sport

Стартерите се тука, Леброн и Кари ќе ги бираат соиграчите

НБА лигата ги објави резултатите од гласовите на навивачите, играчите и медиумите за престојниот „Ол стар“ натпревар. Најмногу гласови добија ѕвездите на Кливленд Кавалирс и Голден Стејт Вориорс, Леброн Џејмс и Стеф Кари, кои ќе бидат капитени на своите екипи.

Леброн доби најмногугласови во Источната конференација, а зад него останаа Кајри Ирвинг (Бостон), Демар Дерозан (Торонто), Јанис Адетокумбо (Милвоки) и Џоел Ембид (Филаделфија).

Најмногу гласови на Западот доби Кари, а покрај него стартери ќе бидат уште неговиот соиграч Кевин Дурент, потоа Џејмс Харден (Хјустон) и двоецот на Њу Орлеанс Ентони Дејвис и Демаркус Казинс.

На „Ол стар“ натпреварот кој ќе се игра на 18.февруари во „Стејплс“ центар во Лос Анџелес ќе дојде до промена на форматот. на теренот нема да истрачаат екипи од Истокот и Западот, туку ќе се одржи дрфт меч на кој капитените ќе ги изберат соиграчите.

Бидејќи доби најмногу гласови Леброн ќе бира прв, додека Кари како капитен на Западот кој е домаќин на мечот ќе ја бира бојата на дресовите.

Останатите играчи, резервите, ќе ги изберат тренерите на тимовиите, а потоа и тие по пат на драфт ќе знаат во кој тим ќе играат.

Имињата на резервите ќе бидат познати до 23 јануари, а комплетните состави на тимовите ќе бидат познати до 25 јануари.

Scroll to Top