Федерика Брињоне стигна до својата седма победа во кариерата, откако на супер-џи трката на патеката „Франц Кламер“ во Бад Клајнкирхајм ја совлада Швајцарката Лара Гут со 18 илјадити делови од секундата. Последното место на подиумот беше Австријката Корнелија Хитер со 0.46 послабо време

За 27-годишната Брињоне ова е втора победа оваа сезона по триумфот на велеслаломот во Лиенц на крајот на минатата нгодина.

„Беше навистина тешко бидејќи имав проблем со скиите и ја започнав трката со искривена скија. Но, патеката беше совршена и ова беше одличен ден“, вели Италијанката.

Трката беше одложена подолго време на двапати, по 16-тата скијачка (Мишел Гисин) и 20-тата скијачка (Корин Зутер) поради лошата состојба на снегот во финишот на патеката.