Мирко Филиповиќ Кро Кап тврди дека Мајк Ким, сопственикот на „К-1“ организацијата е измамник, бидејќи уште му ги нема исплатено парите од 2013 година, како и на повеќето „фајтери“ од оваа категорија.

По легалните обиди да ги наплати заработените пари, хрватската ММА легенда се реши на „герила маркетинг“ – печатење на маички со ликот на Ким и со натпис: „Внимавајте – ПЦ, професионален измамник“.

Тој ги повика сите свои фанови на Фејсбук да ја споделуваат фотографијата.