Ставре Јада прв од тројцата македонски преставници настапи на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Момчето кое на отворањето на Игрите го носеше македонсктоо знаме не се прослави со својт настап на спринт трката во класичен стил.

Во конкуренција на 80 натпреварувачи Јада заврши на 79.место со една минута и 15 секунди послабо време од победникот Ристомати Хакола. Од оние кои ја завршија трката Јада беше последен бидејќи еден натпреварувач доби дисквалификација.

Наредниот настап на Игрите Јада ќе го има на 16.февруари на трката на 15 километри.