Top Sport

Нгану за седум килограми потежок од Миочиќ (видео)

Пред мечот за титулата во тешка категорија во УФЦ, шампионот Стипе Миочиќ и Камерунецот Френсис Нгану го „одработија“ раното мерење, во кое американскиот шампион имаше стандардни 111.5 килограми, додека предизвикувачот беше потежок за седум килограми.

Еден од најисчекуваните дуели во УФЦ се одржува во Бостон во сабота навечер – главниот програм почнува во недела наутро по македонско време (околу 4 часот), а мега-дуелот би требало да се оддржи во 6 часот наутро.

Миочиќ доколку победи ќе стане најуспешниот УФЦ борец во тешка категорија, но за тоа треба да го помине Нгану, неверојатниот „удирач“ со фантастичен скор во нокаутите. Миочиќ ги обвини УФЦ дека го фаворизираат Нгану, а кај обложувалниците на предизвикувачот му даваат подобри шанси за победа.

„Како и обично, влегувам во рингот, ја завршувам работата и си одам. Не сум човек на зборови, не ги навредувам другите, туку ја вршам мојата работа. Порано ми пречеше што зборуваат другите, но веќе не“, вели Миочиќ, Американецот со хрватско потекло.

Миочиќ последен пат загуби пред три години од Жуниор дос Сантош, по што имаше пет победи со пет нокаути, додека Нгану, кој дебитираше во УФЦ во 2015, има шест победи во шест меча, од кои четири во првата рунда.

Scroll to Top