Top Sport

„Супер Марио“ ќе го исфрли боксот од Олимписките игри

Тенденциите во олимпизмот на голобално ниво се закануваа боксот повеќе да не биде олимписки спорт, а на негово место Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) да ги вметне видео игрите, или она што се нарекува „еСпорт“.

Неодамна спортскиот свет беше сведок на „борбата“ за опстанок во олимпиското семејство која ја водеше најстариот спорт, борењето во грчко-римски стил, но и како бејзболот, каратето, спортското качување, сурфањето и скејтбордингот се бореа за своето место под олимпиското сонце.

Кулминаците се случи на апсурдот се случи пред неколку месеци кога играњето околу шипка, благодарение на претседателската Кејти Коутс беше регистрирано како спорт.

И додека новите спортови го наоѓаат своето место во спортот уште еден од најстарите спортови се наоѓа во големи проблеми. Боксот е пред закана да биде избришан од олимписките спортови и тоа уште за Олимписките игри во 2020 година, во Токио.

Претседателот на ИОК, Томас Бах, открил дека ова може да се случи, бидејќи во оваа организација не биле задоволни од начинот на кој Меѓународната организација на аматерскиот бокс (АИБА) управува со овој спорт.

Од ИОК се незадоволни од раководењето со боксот, финансиите, судењето и прашањата кои се однесуваат на допингот.

„ИОК ќе го задржи своето право да разгледа дали боксот ќе биде во олимписката програма во Токио 2020 година, но и на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес оваа година. Загрижени сме како АИБА раководи со овој спорт“, рекол Бах.

ИОК запона истрага, ги „замрзна“ договорите со АИБА и исплатите кон оваа организација. Според најавите извештајот ќе биде завршен за два месеци.

Во меѓувреме трае голема борба и на другиот фронт, оној виртуелниот. Постојат барања за една голема промена, видео игрите да влезат во ИОК.

Кога јапонскиот премиер Шинзо Абе, на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро се појави маскиран во „Супер Марио“, поубликата низ целиот свет беше воодушевена.

Абе со овој чин како да сакаше да стави на знаење дека „еСпорт“, или како што во народот се нарекуваат видео игри, би можел да биде еден од спортовите на ОИ во Токио.

Јасно е дека „еСпорт“ стана олимписка реалност, во Бразил на ОИ се одржуваше натпревар во видео игри, но не како дел од официјалната програма.

Преставувањето во Рио де Жанеиро го организираше Честер Кинг, бизнисмен и основач на Британската еСпорт асоцијација.

Тогаш во Рио се собраа гејмери од осум земји, вјклучувајќи го и светскиот првак во франшизата „Супер Марио“.

 

Scroll to Top