Лино Червар ќе остане селектор на ракометната репрезентација на Хрватска. Како што објавија хрватските медиуми Управниот одбор на ракометниот сојуз на Хрватска го прифатил извештајот на Червар за Европското првенство на кое репрезентација го освои петтото место и потоа му го продолжила договорот на искусниот тренер.

Челниците на Сојузот не сакале да менуваат ништо бидејќи Хрватска наскоро ја очекуваат нови натпревари, во април турнир во Шведска, а во јуни квалификациски бараж против Црна Гора за пласман на Светското првенство во Германија наредната година.

Управниот одбор оценил дека нема доволно време да се распише конкурс, а птооа и де се избира помеѓеу пријавените кандидати поради што решиле да му го продолжат договоро на Лино червар чии договор истекуваше на 31.март.

„По поднесениот извештај пред членовите на Управниот одбор подготвен сум како селектор да ја водам хрватската репрезентација во наредните акции и да ја продолжам започнатат работа“, изјавил за „Јутарњи“, Червар.