Тајгер Вудс го почна своето прво голферско натпреварување по 10 месеци, откако на неговиот турнир „Хироу ворлд челенџ“ на Бахамите немаше проблем на првите девет дупки и беше 10. со три удари заостанување зад Британецот Томи Флитвуд.
Овојпат немаше проблеми со грбот, и играјќи покрај својот пријател и шампион од Фед Екс купот, Џастин Томас, 40-годишниот поранешен светски голфер број 1, малку се исфрустрира на деветтата дупка, кога направи две грешки.
Вудс, кој е 79-кратен шампион на ПГА турнејата и кој беше рекордни 683 недели на првото место на рејтингот, во моментов е 1.199-ти на ПГА-турнејата. Оваа година покрај со повредите, тој имаше проблем и со законот, кога полицијата на Флорида го фати како спие во својот автомобил под дејство на медикаменти.
A birdie and another fist pump!@TigerWoods is (-2) as he makes his way to No. 9 at the Hero World Challenge. #QuickHits pic.twitter.com/N0yrUMEYsI
— PGA TOUR (@PGATOUR) November 30, 2017