Антонио Конте новиот тренер на Интер бара играч кој ќе може да ја покрие целата лева страна, откако пред два дена изјави дека Иван Перишиќ не може да одговори на неговите прашања, бидејќи „Перишиќ бил напаѓач“.
Италијанскуте медиуми пишуваат дека Конте има на ум тројца играчи, а наводно прва опција му бил искусниот фудбалер на Рома, Александар Коларов. Српскиот репрезентативец се поврзуваше со Интер и пред Конте да биде назначен за тренер.
Доколку не успеа со Коларов, наводно втора опција била Филип Костиќ, исто така репрезентативец на Србија. Костиќ токму на таа позиција игра во формацијата на Ајнтрахт, 3-5-2 и веројатно не би имал проблем да се вклопи во тактичките решенија на Конте.
Последната опција е најмалку реална, а тоа е Емерсон Палмиери од Челси.