Евертон го стопирале трансферот на Идриса Гана Гејe во Пари Сен Жермен. „Карамелите“ не сакале да се откажат од овој играч се додека не најдат замена.
Пари Сен Жермен уште во јануарскиот преоден рок се обидоа да го донесат репрезентативецот на Сенегал на „Паркот на Принцовите“. Евертон тогаш воопшто не сакаа да ја разгледаат нивната понуда.
Работите се сменија во актуелниот преоден рок. Евертон ја прифатиле понудата од 32 милиони евра, но трансферот ќе биде реализиран откако на „Гудисон“ ќе пристигне замената за Гејe.
Од Англија нема информации кој играч од страна на Евертон е означен како замена за Гејe.