Две фракции на навивачката група на Динамо Загреб „Бед Блу Бојс“, во средата физички се пресметале во близина на стадионот „Максимир“. Во тепачката биле користени и секири.
Според извори на порталот „Индекс“, приврзаници на Здравко Мамиќ ги нападнале своите противници, а во тепачката биле користени чекани и секири. Полицијата уапсила едно лице.
Нетрпеливоста помеѓу двете фракции на „Бед Блу Бојс“ трае со години, а нова димензија нивните судири добија во 2014 година кога во населбата Дубрава во тепачка било користено и огнено оружје. Тогаш противниците на Здравко Мамиќ тврдеа дека тој нарачал нечие убиство.
Во приложеното видео може да погледнете што се случувало во тепачката.