„Ќе ја потстрижам косата ако Колумбијците станат светски прваци“ порача легендарниот Карлос Валдерама минатата година пред Мундијалот кој се одржуваше во Русија. Сепак, неговите Колумбијци на пенали загубија од Англија и славната виткана коса „преживеа“.
Сепак екс-фудбалерот реши да го смени имиџот поради рекламна кампања за една од најмоќните спортски обложувалници на тие простори.
Откако се појавија фотографиите од „новиот“ Валдерама, дел од фановите се тажни, дел бесни, дел разочарани, но сите останаа шокирани.
Погледнете го: