Италијанските ватерполисти го освоија златниот медал на 18 Светско првенство. Во финалето на Мундијалот во Јужна Кореја, Италија ја победи Шпанија со 10:5 (2:2, 1:3, 1:3, 1:2). Финалистите обезбедија пласман на Олимписките игри во Токио наредното лето.
Италија четврти пат во својата историја, прв пат по пауза од осум години, стана светски првак во ватерполо. Претходно Италијанците биле најдобри во 1978, 1994 и 2011 година.
Втор пат во историјата до златниот медал Италија дојде преку Шпанија. Во 1994 година со ист резултат како денес Италија славела на Шпанија.
Доминантанат игра во одбраната предводена од голманот Де Лонго на Италија и ја обезбеди светската титула. Голманот на Италија одбрани нето преку 70 отсто од ударите кои беа упатени кон неговиот гол.
Со исклучок на првата четвртина, во текот на натпреварот Италија доминираше во базенот. Големата победа ја најавија во втората четвртина кога со серија од три гола се одлепија на 5:2, а надежите на Шпанците ги урнаа со уште една таква серија во третиот период кога се одлепија на разлика од пет гола.
По натпреварот традиционално беа прогласени најдобрите на турнирот. МВП на финалниот меч е Италијанецот Пјетро Фиљоли, додека очекувано за МВП на мечот за бронзениот медал е прогласен Маро Јоковиќ, кој со шест гола на Хрватска и ја донесе победата над Унгарија 10:7.
Шпанецот Даниел Лопез Пинеда ја доби наградата за најдобар голман, додека најдобра стрелец е Црногорецот Александар Ивовиќ.
Today's results in men's water polo:
Final??
Spain??-Italy??▶️5-10Bronze Game?
Croatia??-Hungary??▶️10-7For the 5th place
Serbia??-Australia??▶️13-9For the 7th place
Germany??-Greece??▶️6-11#FINAWorlds pic.twitter.com/TjJfGPcaVV— FINA (@fina1908) July 27, 2019