Top Sport

Интер израмнија во 94 минута, па на пенали го победија ПСЖ (Видео)

Интер и ПСЖ одиграа пријателски меч во Макао. Мечот заврши со резултат 1-1, а по изведувањето на пенали победи италијанскиот тим 6-5.

Одличен натпревар одиграа европските великани, а на крајот среќата беше на страната на Интер.

ПСЖ имаа предност од 41 минута кога гол постигна Германецот Керер. Тој резултат беше активен до последните секунди од мечот кога израмни Лонго.

Пенал-рулетот потоа им припадна на фудбалерите на Интер.

Scroll to Top