Top Sport

Ковач ја подига дисциплината, им ги забрани мобилните на фудбалерите!

Хрватскиот стратег Нико Ковач ќе биде стратег на Баерн Минхен и во новата сезона, па освен одбрана на двојната круна во Германија, од Управата на клубот сакаат да ја нападне и титулата во Лигата на шампиони.

Во првите месеци од неговото назначување за тренер на баварскиот клуб, Хрватот имаше многу проблеми со односот на главните ѕвезди во клубот кои не ги слушаа наредбите и се обидуваа да го бојкотираат.

По добиената поддршка од Управата, Ковач објави правила на однесување кои строго мораат да се почитуваат. Ковач контролира кога фудбалерите заминуваат на спиење, а има и забрана за мобилни додека се наоѓаат во карантин.

Играчите кога ќе дојдат во соблекувалната, на тренинг не смеат да ги вадат мобилните телефони за да ја подобрат меѓусебната комуникација.

Поради доцнењата, Ковач воведе правило во тренинг центарот да се доаѓа 90 минути пред почетокот.
Главен виновник за воведувањето на ова правило е (сега веќе екс-играчот) Хамес Родригес кој доцнел речиси на секој тренинг.

Scroll to Top