Top Sport

Кедира пред трансфер во Арсенал

Играчот на Јувентус Сами Кедира се наоѓа пред трансфер во Арсенал, објави новинарот Танкреди Палмери.

Кедира (32) неколку дена интензивно размислува за следната станица во кариерата, а покрај Арсенал интерес за него покажаа Валенсија и Фиорентина.

Германскиот репрезентативец минатата сезона одигра 17 натпревари за Јувемтус и постигна два гола. Договорот со „старата дама“ му истекува во 2021 година, но според информациите од Италија, Јувентус ќе му дозволи да замине без обесштетување.

Кедира во неделата бил на „Емирејтс“ на пријателскиот натпревар помеѓу Арсенал и Лион (1-2).

Scroll to Top