Top Sport

Француски кошаркар откри зошто кошаркари на САД нема да играат на Мундијалот

Францускиот кошаркарски репрезентативец и член на НБА тимот, Орландо Меџик, Еван Фурние истакна дека му е јасно зошто американските кошаркари масовно го откажуваат настапот на претстојниот Мундијал во Кина.

Фурние смета дека повеќето играчи „му свртеа грб“ на селекторот Грег Поповиќ затоа што повеќето од тие играчи потпишаа нови договори со клубовите, а професионализмот во САД е над емоциите.

„Многумина од тие што се откажаа потпишаа нови договори. Мора во тие случаи да постои договор со клубовите. Ме изненадува дека настап на СП откажаа многу играчи кои никогаш не настапиле за националниот тим“ – изјавил Фурние, а пренесуваат странските медиуми.

https://www.eurohoops.net/en/fibawc/913232/evan-fournier-on-usas-world-cup-absences-why-would-they-be-motivated/?utm_medium=Social&utm_source=Twitter#Echobox=1564418015

Scroll to Top