Челниците на Интер повеќе немале трпение кога се во прашање евентуалните трансфери на Ромелу Лукаку и Един Џеко. Овие двајца напаѓачи се примарни мети на новиот тренер Антонио Конте, меѓутоа клубот никако не може да постигне договори со нивните клубови Манчестер Јунајтед, односно Рома.
Манчестер Јунајтед и Рома барале премногу пари за Лукаку и Џеко, такво мислење имаат во Интер. Јунајтед бараат 85 милиони евра за Лукаку, а Рома 20 милиони евра за Џеко.
Интер немаат напаѓач, а новата сезона наближува. Поради тоа повеќе немале за преговори со наведените клубови, туку се решиле за нова опција.
Единсон Кавани, играч со големо искуство од Серија како играч на Наполи и најдобар стрелец во историјата на ПСЖ, би можел да биде решението на проблемите со кои се соочува Конте.
Наводно првите контакти помеѓу клубовите биле воспоставени. Кавани би ја прифатил понудата, бидејќи повеќе не сакал да игра со Нејмар, а и не бил задоволен од тактичката замисла на тренерот во шпицот на нападот да игра Мбапе.